Достапни линкови

logo-print

Ставрески: Работиме на решение за гасификација на Македонија


Министерот за финансии Зоран Ставрески.

Министерот за финансии Зоран Ставрески.

Се работи на изнаоѓање алтернативно решение за гасификација на Македонија, информира денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Според него, Русија нема да може да го имплементира проектот Јужен тек, со кој требаше да се изгради гасовод под Црното Море до Бугарија и Јужна Европа, поради противењето на Европската унија.

„Иднината на Јужен тек е во рацете на Русија и на Европската унија, така што не е прашање на кое ние може да влијаеме. Можеме да ги следиме состојбите и ние работиме, работевме и ќе работиме на изнаоѓање алтернативни решенија. Сметам дека постојат такви и во догледна иднина Владата ќе информира за прогресот во однос на изнаоѓање алтернативи, односно изнаоѓање други извори и други пристапи за гас за Македонија“, изјави Ставрески.

Тој посочи дека останува да важи договорот Русија да ги врати 60-те милиони долари долг, кои Македонија треба да ги поврати преку изградба на дел од гасификациска мрежа.

„Прашањето на клириншкиот долг не е поврзано со ова. Клириншкиот долг ќе се реализира на начин како што е и објавено“, појасни Ставрески.

XS
SM
MD
LG