Достапни линкови

logo-print

Поради напад од милитанти, разрешен кенискиот министер за полиција


Кенискиот претседател Ухуру Кенијата денеска ги разреши министерот за внатрешни работи и шефот на полицијата, откако милитантите од исламистичката организација Ал-Шабаб убија 36 работници во североисточна Кенија. Во денешниот напад врз еден каменолом во земјата, вооружени напаѓачи ги издвоиле немуслиманските работници и на лице место ги убиле. Нападот се случил во област во близина на границата со Сомалија, каде што минатата недела беше киднапиран автобус, при што беа убиени 28 патници. Исламистите убија повеќе од 200 луѓе во Кенија од 2013 година. Организацијата Ал-Шабаб со седиште во Сомалија презеде одговорност за најголем дел од нападите и најави дека ќе продолжи со насилствата сè додека Кенија не ги повлече војниците од соседна Сомалија. Во ланскиот напад врз трговски центар во Најроби, милитантите лани убија 67 луѓе.

XS
SM
MD
LG