Достапни линкови

logo-print

Украинските пратеници гласаат за нова влада


Се очекува украинските пратеници денеска да ја изгласаат новата влада на премиерот Арсениј Јацењук. Според Уставот, претседателот на државата ги предлага министрите за надворешни работи и за одбрана. На својата Фејсбук страна, претседателот Петро Порошенко објави дека потпишал декрет за доделување украинско државјанство за тројца странци – Американката Наталија Јарешко, Грузиецот Александар Квиташвили и Литванецот Аиварас Абромавициус. Според украинските медиуми, тие ќе бидат предложени за министри за финансии, здравство и за економија.

XS
SM
MD
LG