Достапни линкови

Заев: Каква и да е одлуката за мандатите ќе ја почитуваме


Каква и да е одлуката во врска со мандатите на пратениците од опозицијата, ние ќе ја почитуваме, изјави денеска лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

„Од 10 март молиме да им бидат одземени мандатите на пратениците и поднесовме и оставки. Останува на парламентарното мнозинство и пред сè на двотретинското мнозинство да ја донесе одлуката. Каква и да е одлуката, ќе ја почитуваме. Нашите ставови се јасни“, изјави Заев пред почетокот на конференцијата за рамномерен регионален развој што денеска се одржува во Скопје.

Собраниската комисија за мандатно-имунитетни прашања одлучи да предложи одземање на мандатите на избраните пратениците од опозицијата кои поднесоа оставки.

XS
SM
MD
LG