Достапни линкови

Не може да се дојде на власт со поттикнување на вжештување на меѓуетнички односи, со паралелни патишта и со индиректни удари кон парламентарното мнозинство, порача до СДСМ Артан Груби од ДУИ.

Во последниот деловнички дозволен рок, Комисија за мандатно имунитетни прашања денеска едногласно се произнесе дека отсуствата на 31 пратеник од коалицијата на СДСМ во изминатите шест месеци се неоправдани со што на собранието му достави предлог одлука на пратениците од опозицијата да им се одземат мандатите.

Од вкупно одржани 40 седници во Собранието на Република Македонија, не учествувале во работата на истите, своето отсуство не го оправдале кај претседателот на Собранието.

Претседателот на комисијата, Александар Николоски рече дека нема дилема дека опозициските пратеници не ја исполниле својата уставна обврска, како избрани од граѓаните и не учествувале во работата на Собранието и неговите тела и оти поради тоа, треба да им се одземат мандатите.

„Непобитен факт е од она што го имаат добиено пратениците како извештај дека овие пратеници од 10 мај до 10 ноември 2014 година од вкупно одржани 40 седници во Собранието на Република Македонија, не учествувале во работата на истите, своето отсуство не го оправдале кај претседателот на Собранието“, вели Николоски.

Не може да се дојде на власт со поттикнување на вжештување на меѓуетнички односи, со паралелни патишта и со индиректни удари кон парламентарното мнозинство за да се дојде до целта која вие сте ја предвиделе.

Пратеникот Артан Груби од редовите на ДУИ, на СДСМ им порача дека на наредни избори граѓаните ќе ги казнат бидејќи ги избрале за тоа политичката битка да ја водат од собраниските клупи. Тој ги повика СДСМ да се вратат во собранието до периодот до кога треба претседателот Трајко Вељаноски да закаже пленарна седница и им порача дека на власт не се доаѓа преку индиректен начин.

„Не може да се дојде на власт со поттикнување на вжештување на меѓуетнички односи, со паралелни патишта и со индиректни удари кон парламентарното мнозинство за да се дојде до целта која вие сте ја предвиделе, значи вашата цел да дојдете на власт, може да се постигне само преку искрени односи со граѓаните, а не преку Али Ахмети и Демократската унија за интеграција.“

Груби во својот говор оцени дека од 2002-ра година па се до денес и едната и другата македонска партија се обидувале да дојдат на власт преку Али Ахмети и ДУИ. Ова го гледаме и од 2008-ма како стратегија на македонската опозиција и на луѓе блиски до опозицијата. Навистина е за жалење сиот напор на индиректен начин да се дојде до власта. На власт се доаѓа само со конкурентска понуда, рече Груби.

Од ДУИ и претходно изјавуваа дека тие приципиелно не се согласуваат со одземање на мандатите туку дека треба да се направат сите обиди опозицијата да седне во собраниските клупи.

Предлог-одлуката што денеска ја донесе Комисијата ќе биде доставена до претседателот на Собранието Трајко Вељановски кој треба да ја стави на дневен ред на првата наредна седница.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG