Достапни линкови

НАТО - Русија намерно ја дестабилизира источна Украина


Земјите-членки на НАТО и Украина ја осудија Москва за, како што велат, намерна дестабилизација на источна Украина и за военото зајакнување на Крим. Во заедничкото соопштение на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО и Украина по денешниот состанок во Брисел, се изразува загриженост за најавените планови за понатамошно руско зајакнување на Црното Море. Се осудува и „постојаната и намерна дестабилизација на источна Украина со кршење на меѓународното право, вклучувајќи и обезбедување тенкови и модерни системи за противвоздушна одбрана, како и други тешки оружја за сепаратистите“. Русија негира вмешаност во конфликтот во кој од април досега загинаа повеќе од 4.300 луѓе, и покрај тоа што НАТО и Украина велат дека имаат цврсти докази за директна воена поддршка на проруските сепаратисти.

XS
SM
MD
LG