Достапни линкови

Саакашвили одбил да биде вицепремиер на Украина


Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили.

Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили.

Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили соопшти дека одбил да биде заменик премиер на Украина. Грузиската телевизија Рустави 2 вчера го цитираше Саакашвили кој рекол дека нема да ја прифати функцијата поради тоа што мора да се откаже од грузиското државјанство за да стане државјанин на Украина.

Украинските медиуми претходно објавија дека на Саакашвили, кој е омразен од руските власти, може да му биде понудена функција во владата што треба да биде формирана по победата на прозападните партии на минатомесечните парламентарни избори во Украина.

Медиумите од Киев денеска објавија дека двајца членови на поранешната влада на Саакашвили, Александар Квиташвили и Ека Згуладзе, се предложени за министри за здравство, односно образование, од партијата на украинскиот претседател Петро Порошенко.

Грузискиот премиер денеска изјави дека би било „болно“ поранешни грузиски функционери, од кои некои се осомничени за криминал, да станат дел од украинската влада.

Саакашвили, чиј мандат заврши во 2013 по речиси една деценија владеење, е обвинет за неколку кривични дела од сегашната власт, која го порази на изборите во 2012 година. Тој и членовите на неговата поранешна влада тврдат дека обвинувањата се политички мотивирани.

Саакашвили сега живее во САД.

XS
SM
MD
LG