Достапни линкови

Одземање на мандатите на опозициските пратеници во оставка?


Macedonia Opposition MPs to Parliament today submitted their resignations.

Macedonia Opposition MPs to Parliament today submitted their resignations.

Собраниската комисија за деловнички и имунитетни прашања на денешната седница, на предлог на нејзиниот претседател Александар Николоски, ја утврдува Предлог-одлуката за одземање на мандатите на пратениците од опозицијата. Врз основа на Извештајот доставен до оваа Комисија е утврдено дека во периодот од 10 мај до 10 ноември 31 пратеници од опозициската СДСМ не присуствувале, не учествувале, ниту, пак, го известиле претседателот на Собранието дека оправдано ќе отсуствуваат од 40 седници. Николоски рече дека овие 31 пратеници од СДСМ и коалицијата неоправдано отсуствувале повеќе од шест месеци од работата на Парламентот и врз основа на Деловникот и Уставот, побарано е од Комисијата да се изјасни.

Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања поединечно го констатира отсуството на секој од овие 31 пратеник и поединечно носи предлог-одлука. Предлог-одлуката потоа ќе биде доставена до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, кој врз основа на членот 59 од Деловникот на Собранието треба да ја стави на дневен ред на првата наредна седница.

Засега нема информација кога Вељановски би ја закажал седницата на која би можело да им бидат одземени мандатите на овие пратеници.

XS
SM
MD
LG