Достапни линкови

Граѓаните бараат потранспарентни општини


Струга.

Струга.

Охриѓани и стружани бараат поголема транспарентност во спроведување на тендерските постапки и вработувањата како и при носењето на општинските буџети.

Општините Охрид и Струга треба да бидат потранспарентни во своето работење, иако има и добри примери покажува истражувањето „Каква е мојата општина“ кое се реализираше на подрачјето на општините Охрид и Струга од страна на Локалната агенција за развој (ЛАР) од Струга.

За општина Охрид, сите соговорници одговориле дека општина Охрид објавува многу информации од различни области, но не ги објавува во целост информациите кои се во интерес на јавноста како што се информациите за реализација на буџетот.

Охриѓани и стружани бараат поголема транспарентност во спроведување на тендерските постапки и вработувањата како и при носењето на општинските буџети. Идејата на целиот проект кој се спроведуваше во периодот од јули до октомври оваа година е да го истражи нивото на свесност на граѓаните за траспарeнтноста и отчетноста на општините и начинот на кој ги информираат граѓаните.

Седиштето на Општина Охрид.

Седиштето на Општина Охрид.

Елена Михајловска истражувач на проектот вели дека ставовите на граѓаните ги добиле преку кратки анонимни интервјуа, кои ги направиле.

Локалните самоуправи, она што е исто така важно е дека треба да воспостават и одржуваат квалитетна комуникација со медиумите и редовно да доставуваат информации за своите активности, планови и настани.

„Прашањето е дали сметате дека општина Охрид и Струга транспарентно ги објавува сите информации и кои информации не ги објавува. За општина Охрид, сите соговорници одговориле дека општина Охрид објавува многу информации од различни области, но не ги објавува во целост информациите кои се во интерес на јавноста како што се информациите за реализација на буџетот. Интересни беа забелешките за тоа дека граѓаните не се запознаени со тоа кои се портпароли на двете општини. Имаа забелешка околу тој дел“, рече Михајловска.

Во Охрид дел од соговорници одговорија дека не им е познато како се одвиваат тендерските постапки, дел од нив рекоа дека истите се одвиваат транспарентно, а дел се сомневаат во транспарентноста на тендерите. Сите соговорници во Струга одговорија дека не им е во целост познато како се одвиваат тендерските постапки, а дел од нив се сомневаат во транспарентноста на тендерите. Речиси сите соговорници одговорија дека вработувањата во општината не се одвиваат транспарентно, стои во резултатите од истражувањето.

Во делот на носењето на буџетите дел од соговорниците одговориле дека не им е познато како се носи Буџетот, дел дека носењето на истиот се одвива транспарентно на седница на Совет, а други пак се сомневаат дека носењето на Буџетот и трошењето на средствата од истиот се одвиваат на транспарентен начин, се вели во дел од извештајот. Локалните власти треба да ја подобрат и комуникацијата со новинарите и медиумите покажуваат резултатите.

„Локалните самоуправи, она што е исто така важно е дека треба да воспостават и одржуваат квалитетна комуникација со медиумите и редовно да доставуваат информации за своите активности, планови и настани, но исто така треба и повеќе и почесто да излегуваат во пресрет на новинарите кога истите работат на одредена тема или истражувачка сторија“, рече Јасминка Попоска од Локалната агенција за развој од Струга.

Од табелата на показатели за транспарентност струшката локална самоуправа не ги исполнува показателите за отворени јавни телефони, нема објавено статут на општината и деловник за работа на совет и не е активен линкот од Бирото за јавни набавки. Додавањето на овие содржини на веб страницата ќе значи многу за подигнување на транспарентноста во работењето, вели Михајловска.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG