Достапни линкови

Уапсени сопруга и син на лидерот на милитантите на ИД


Абу Бакр ал Багдади

Абу Бакр ал Багдади

Либанските власти соопштија дека либанската армија уапсила сопруга и син на лидерот на милитантната група Исламска држава Абу Бакр ал Багдади. Во соопштението не се наведува името и националноста на како што се наведува, една од сопругите на Багдади. Тие биле уапсени во изминативе денови кога се обиделе од Сирија да влезат во Либан. Милитантите на Исламската држава имаат освоено големи делови од териториите на Ирак и Сирија што пак предизвика Соединетите држави да покренат воздушна кампања. Во минатиот месец се појавија информации дека во еден воздушен напад бил ранет и Багдади.

XS
SM
MD
LG