Достапни линкови

logo-print

Новата мисија во Авганистан, нова надеж за стабилност


Авганистанскиот претседател Ашраф Гани

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани изрази надеж дека новата мисија на НАТО во Авганистан ќе донесе стабилност и просперитет за неговата земја и сигурност во светот. Тој ова го изјави по средбата во Брисел со генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг. Притоа се разговарало за повлекувањето на борбените сили на НАТО до крајот на оваа година, по што во Авганистан би останала помала мисија за поддршка на безбедносните сили на таа земја. Претседателот Гани денеска ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО на која треба да биде одобрена новата мисија.

XS
SM
MD
LG