Достапни линкови

Суспендирана помошта за сириските бегалци


Светската програма за храна је суспендира помошта за милион и седумстотини илјади сириски бегалци поради недостиг на финансиски средства. Оваа агенција на Обединетите нации со седиште во Рим соопшти дека станува збор за купони со кои сириските бегалци кои се наоѓаат во Јордан, Либан, Турција, Ирак и Египет можат да купуваат храна во тамошните продавници. Поради суспендираната помош, како што се оценува, на многу сириски семејства им се заканува глад. Над 3 милиони и 200 илјади бегалци ја напуштија Сирија, а над 7 ипол милиони се раселени во земјата од почетокот на востанието против претседателот Башар ал Асад пред три години.

XS
SM
MD
LG