Достапни линкови

ФБИ предупредува на малициозен софтвер


Федералното истражно биро ги предупреди американските компании дека хакери користеле малициозен софтвер за деструктивни напади во Соединетите држави. Се прецизира дека овој софтвер ги уништува податоците на компјутерските хард дискови што пак предизвикува пад на мрежите. Одвоено, ФБИ потврди дека го истражува минатонеделниот хакерски напад во Сони Пикчерс Ентертајмент во Калифорнија. До ова дојде пред објавувањето на филмот на оваа компанија за севернокорејскиот лидер Ким Џонг ун. Во јуни годинава Пјонгјанг се жалеше до Обединетите нации на филмот „Интервјуто“, оценувајќи дека оваа комедија била воен акт.

XS
SM
MD
LG