Достапни линкови

Во Перу конференција за климатските промени


Во Перу започна голема конференција на Обединетите нации во обид да се постигне нов договор за глобалното затоплување. На 12 дневниот собир во Лима, шефицата на Светската организација задолжена за климатски прашања Кристина Фигуересоцени дека 2014 година била една од најтоплите во историјата и оти испуштањето штетни гасови продолжува да расте. „Сето тоа е причина да дејствуваме итно“, порача таа. Претставници на 195 земји работат на новиот климатски договор што би требало да биде потпишан во идната година во Париз. Цел е да се постигне компромис во редукцијата на испуштањето штетни гасови во атмосферата што е главна причина за глобалното затоплување.

XS
SM
MD
LG