Достапни линкови

Путин - Ако ЕУ се противи, ќе се откажеме од Јужен тек


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ќе се откаже од изградбата на гасоводот Јужен тек, ако ЕУ се противи. Зборувајќи по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара, Путин рече дека наместо Јужен тек, Русија и Турција може да изградат гасоводна мрежа за јужна Европа. Јужниот тек требаше да оди под Црното Море до Бугарија, па потоа преку Грција до Италија и преку Србија, до Унгарија и до Австрија. Путин рече дека тој гасовод не може да биде изграден поради противењето на бугарската влада и обвинувањата од Брисел дека не е во согласност до регулативите за конкуренција и енергетика на ЕУ. Тој исто така најави дека Русија се согласија да ги зголеми испораките на гас за Турција преку гасоводот Син тек, како и да ја намали цената на гасот.

XS
SM
MD
LG