Достапни линкови

СДСМ бара истрага за аферата „Фабрика за пасоши“


Потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски, денеска го повика Јавното обвинителство по службена должност да отвори истрага за да испита дали во Македонија се изработуваат патни исправи и во домашни услови и дали и кој е вмешан во скандалот. Таа исто така побара од МВР и од министерката Гордана Јанкулоска да се воздржат од партиски притисоци врз институциите задолжени за спроведување на истрагата.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, реагира дека СДСМ сака да ја затскрие површноста на доказите и се фокусира кон манипулација. Партијата наведува дека очекува надлежните институции да ги утврдат фактите и да придонесат за расветлување на сите околности околу случајот кој беше посочен.

Неделникот Фокус деновиве објави фотографии и видео снимка на кои се гледа како се произведуваат македонски пасоши во домашни услови.

XS
SM
MD
LG