Достапни линкови

Хан: Падот на рубљата - доказ за ефектот на санкциите против Русија


Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан.

Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан.

Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан изјави дека големиот пад на вредноста на руската рубља е доказ дека санкциите од Западот против Русија, поради нејзината вмешаност во конфликтот во источна Украина, имаат ефект. Тој денеска во Брисел рече дека рубљата изгубила уште 8 проценти од вредноста и сега за еден долар се добиваат 53,29 рубљи, а едно евро вреди 66,5 рубљи.

„Мислам дека ова е повеќе од доказ за влијанието на потребните[санкции] и се надевам дека ќе придонесе Русија да го направи првиот чекор кон нормализација на ситуацијата“, рече Хан.

Вредноста на рубљата падна за повеќе од 40 проценти оваа година, најмногу поради меѓународните санкции против Русија и падот на цената на нафтата на светските берзи. Околу половина од буџетските приходи во Русија се од извоз на нафта и гас.

XS
SM
MD
LG