Достапни линкови

Доналд Туск на чело на Европскиот совет


Поранешниот полски премиер Доналд Туск денеска беше назначен за претседател на Европскиот совет, со што за прв пат политичар од некоја земја од поранешниот источен блок добива толку висока функција во ЕУ. Туск го наследува Белгиецот Херман ван Ромпуј кој два мандати беше претседател на Советот од воведувањето на таа функција во 2009 година. На агендата на Туск се закрепнувањето на европската економија и преговори со Русија за повеќе прашања. Тој ја обвини Русија за „експанзионизам“ и ги критикуваше анексијата на Крим и воената интервенција во источна Украина. Туск ги поддржа санкциите на ЕУ против Русија, и покрај тоа што и европската економија ќе има штета од тоа, велејќи дека неуспехот да се реагира на руските постапки во Украина ќе има „катастрофални“ последици. Пред инаугурацијата, Туск рече дека „доаѓа во Брисел од земја што длабоко верува во значењето на обединета Европа“.

XS
SM
MD
LG