Достапни линкови

logo-print

Путин во посета на Турција


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигна во државна посета на Турција каде што ќе разговара со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган. Советникот за надворешна политика на Путин, Јуриј Ушаков изјави дека конфликтот во Сирија ќе биде високо на агендата на денешните разговори во Анкара. Двете земји досега успеваат да не ги нарушат нивните односи и покрај спротивните ставови за кризите во Украина и во Сирија. Москва е клучен сојузник на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, додека Ердоган се залага за негово соборување. Анкара се спротивстави на руската анексија на Крим од Украина во март годинава и е загрижена за состојбата на Кримските Татари, за кои активистите за човекови права велат дека се прогонувани од руските власти. Се очекува Путин и Ердоган да разговараат и за енергетската соработка. Анкара бара намалување на цените и испорака на поголеми количества гас од Русија.

XS
SM
MD
LG