Достапни линкови

Средношколците Македонци од Тетово ја бојкотираат наставата


Тетово.

Тетово.

Учениците од тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ кои наставата ја следат на македонски јазик денеска ја бојкотираа наставата и заедно со нивните родители излегоа на протест пред бараката каде што учат. Со нив се солидаризираа и учениците Македонци од останатите средни училишта во Тетово. Повод за ваквата реакција е инцидентот од изминатиот петок кога ученик во трета година беше нападнат од поголема група луѓе однадвор и избоден со нож. Гимназијалците најавија дека додека не им се обезбедат безбедноста и основните услови за следење на наставата нема да одат на училиште. Директорот на гимназијата Намикќемал Мустафа го осуди петочниот инцидент и нападот врз гимназијалецот. Тој, по средбата со учениците и родителите, најави дека предложените мерки од нивна страна ќе ги достави со сите надлежни институции.

XS
SM
MD
LG