Достапни линкови

logo-print

Рускиот претседател Владимир Путин, кој има 62 години и 60–годишниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган, имаат многу повеќе заедничко отколку само возраста.

Двајцата биле сиромашни и се занимавале со спорт

Двајцата ја градеа политичката кариера со реторика за „Голема нација“ и критикување на Западот.

Путин израснал живеејќи во општествен стан во Санкт Петербург, тогашен Ленинград, а еднаш изјавил дека во тоа време морал да брка стаорци по скалите. Како тинејџер почнал да тренира џудо, се стекнал со црн појас, а потоа направил и видео, наречено „Научете џудо со Владимир Путин“.

Ердоган пораснал во населбата Касимпаша во Истанбул, каде што продавал лимонада и сусам за џепарлак, а потоа работел и како бербер. Тринаесет години бил полупрофесионален фудбалер во Касимпаша.

Двајцата ја градеа политичката кариера со реторика за „Голема нација“ и критикување на Западот

И Путин и Ердоган манипулираа со уставите на нивните земји со цел да го продолжат владеењето.

И Путин и Ердоган манипулираа со уставите на нивните земји со цел да го продолжат владеењето, менувајќи се на позициите премиер и претседател, па според тоа на која функција се, така ги прилагодуваа уставните овластувања. Па така, Путин е на власт веќе 15 години, а Ердоган досега 11 години. Ердоган воведе исламистички принципи на владеење во секуларна Турција и ги стави настрана напорите на земјата за членство во Европската унија. Путин тврди дека ги брани интересите на руските граѓани во Украина и го обвинува Западот за почеток на нова студена војна. Двајцата ја користат религијата за зајакнување на сопствената моќ.

Двајцата имаат палати

Во последно време големо внимание привлече новата палата на Ердоган, наречена Бела Палата, претседателска резиденција во отомански стил, изградена на 150.000 метри квадратни во Анкара. За неа се потрошени над 600 милиони долари, но подржувачите велат дека палатата е симбол на просперитетот на земјата и важноста на Ердоган за модерна Турција.

За разлика од Ердоган, за палатите на Путин не се зборува многу. Покрај познатите резиденции, како онаа на брегот на Црно Море, Палатата на Путин, е градба во барок стил во Санкт Петербург, а во неа има и казино, базен и неколку хелиодроми. Кремљ демантира каква било поврзаност на Путин со оваа палата, за која италијанскиот архитект Ланфранко Цирило, во август доби руско државјанство.

Двајцата се жестоки со граѓанските протести

Двајцата сметаат дека жената има подредена улога.

Русија беше соочена со масовни протести во 2011-та и 2012-та, кога Путин се кандидираше за трет мандат. По изборот, Путин покрена серија мерки против невладините организации, недржавните медиуми и учесниците на протестите. Над 400 луѓе беа уапсени и претепани, а десетици се уште се во затвор.

Во Турција, плановите на Ердоган за уништување на паркот Гези заради изградба на комерцијални објекти, предизвика масовни протести, кои прераснаа во протест против растечкиот авторитаризам на власта и нарушувањето на секуларноста на државата. Ердоган одговори со сила, наредувајќи и на полицијата да ги растера демонстрантите со водени топови и солзавец. Неколку лица загинаа, а на над 5 илјади им беше судено. И во Русија и во Турција, опозицијата беше замолчена.

Двајцата сметаат дека жената има подредена улога

Ердоган неодамна изјави дека, според исламот, мајчинството треба да биде приоритет на жената и оти принципот за еднаквост на половите е против законите на природата. Ердоган исто така е на став дека турската жена треба да има три деца, а абортусот мора да биде исклучок.

Путин, пак, е познат по несолените шеги за жените. Во разговор со германската канцеларка Ангела Меркел во врска со монетарната унија, Путин изјавил: „Не е важно како ќе го направиш тоа на првата брачна ноќ, резултатот е ист“. За Хилари Клинтон, пак, Путин изјави дека е подобро да не се расправаш со жена, а за неговата бивша сопруга Људмила, Путиин во едно интервју рекол: „Секој што ќе живее најмалку две недели со Људмила, заслужува споменик“.

  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG