Достапни линкови

Голем дел од луѓето не можат да си дозволат квалитетна храна секој ден, не можат да си ги платат сметките, немаат пари за еднонеделен одмор, односно се соочуваат со прашање за опстанок.

Речиси 40 проценти од луѓето во Македонија имаат тешкотии да ги платат сметки и имаат проблеми при плаќање кредити. Ова го покажуваат последните актуелни податоци на Заводот за статистика, според кои тоа се осумстотини илјади луѓе во државата. Со овие показатели се зголемува бројот на луѓето кои живеат во ризик од сиромаштија, велат економистите, а голем дел од луѓето потврдуваат дека имаат проблеми од овој тип, а тоа значи дека се соочуваат со прашање за опстанок.

Кои сметки да ги плаќам? Ништо не плаќам. До 1996 земав плата и плаќав нормално, сега нема ме исклучат, немам.

„Веднаш доаѓа камата, значи каматата се пресметува на секои шест месеци и мора да ја платите или ве исклучуваат. Тоа сум го почувствувала јас и многу мои блиски, да не зборуваме за тоа дека треба да платите и приклучок за исклучување, тоа е наубаво искуство и не може да се должи ниту еден месец.“

„Кои сметки да ги плаќам? Ништо не плаќам. До 1996 земав плата и плаќав нормално, сега нема ме исклучат, немам. Работев 38 години од кои за девет години не ми е платен стаж, сега сум под биро за вработување, еве сега одам да се пријава.“

Ние сега имаме некаков раст, затоа што имаме компании во економските зони, иако се знае дека тие вработуваат премалку луѓе и самата продажба ја вршат надвор. Реално македонскиот граѓанин од тоа не добива ништо.

Според европските критериуми, материјалната беда значи неможност да се плаќаат киријата или кредитите навреме, да се загрева станот адекватно да се јаде квалитетна храна секој втор ден. Останатите критериуми се луѓето да може да си дозволат одмор една недела надвор од домот, да се одржува автомобил, да се има телевизор и телефон. Човек се смета дека доживува материјална беда, ако не успева да ги исполни дел од наведениве критериуми.

Според заводот за статистика бројот на оние, пак, кои не можеле да си дозволат еднонеделен одмор во текот на годината изнесувал 73,6 проценти, или 1,5 милиони луѓе, што значи дека во таква ситуација се речиси три четвртини од граѓаните.

Економистите велат дека очигледно владините политики не влијаат врз подобрување на животниот стандард на граѓаните иако на хартија изгледа поинаку. За Македонија отворањето на слободните индустриски зони не одигрува голема улога во намалување на проблемот со невработеност и паѓањето на животниот стандард, вели економскиот аналитичар Висар Адеми.

„Ние сега имаме некаков раст, затоа што имаме компании во економските зони, иако се знае дека тие вработуваат премалку луѓе и самата продажба ја вршат надвор. Реално македонскиот граѓанин од тоа не добива ништо, затоа што не добива странска плата, а граѓанинот се соочува со овие да кажеме економски проблеми, затоа што невработеноста се повеќе и повеќе расте.“

Билансите на Македонија се подобруваат зошто имаме нереални инвестиции во слободните зони, но реално тие ниту вработуваат многу луѓе ниту продаваат тука,а граѓаните се соочуваат со економски проблеми бидејќи невработеноста расте, вели Адеми.

Меѓу другото како главна причина за паѓањето на животниот стандард тој го наведува постојаното зголемување на цените што ја намалува куповната моќ на граѓаните. Поради ова и поголем дел од трговците се соочуваат со намален промет, а тоа значи и прашање за опстанок.

Адеми констатира дека значајни предизвици за земјава остануваат натамошно намалување на невработеноста и на сиромаштијата.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG