Достапни линкови

Најмногу коментари за „Едно чудо казни“


Текстот „Едно чудо казни и давачки за државата“ предизвикал најмногу наши читатели да го кажат својот став на оваа тема.

Нашата саботна анализа за „Едно чудо казни и давачки за државата“ очигледно погодила во срцевината на проблемот. Главното оправдување на власта дека сака да ја спречи сивата економија токму го коментира Јонче чиј текст прилега дури на црн хумор: „Браво. Ги запревте сите нормални текови на економијата, во име на сива и не знам каква економија. Само превидовте еден факт, можеби незначаен за вас. Државата наскоро ќе остане без народ. Ако имате решение и за тоа како да функционира една држава без народ, ви честитам“.

Браво. Ги запревте сите нормални текови на економијата, во име на сива и не знам каква економија.
Коментар на читател.

Пеце потсетува дека и во турско било поарно да се живее и дека овде станало „полициско лудило“, како што напишал. Адем дава пример дека од УЈП имал казна од 0,00 денари и дека сметката му била блокирана за 1050 денари за водење постапка за ненавремено плаќање. „Чисто како солза“, пишува со иронија, „само не знам каде требало да плати казната“.

Тошо, пак, предлага радикални мерки од страна на народот: „Сè додека народот седи дома и се препукува на интернет, ќе си имаме сè поголеми проблеми во државава. Не си ги пакувајте куферите, туку треба да се организираат големи протести. Што побрзо има протести, толку побрзо ќе си ја спасиме државата и нас самите“, пишува тој.

35 години во политиката, полн со пари и познанства, присутен во медиуми, нула постигнување еднакво на нула ризик.
Коментар од читател.

Позитивни реакции има по текстот на Дино Блажевски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-НП, во нашата младинска он-лајн колумна, кој оптимистички гледа на неодамнешните студентски протести, велејќи дека за Македонија „Има надеж“. Сандра искоментирала дека и другите партиски подмладоци треба да ги поддржат младите студенти, а Валтер исто така мисли дека на младите им треба поткрепа за да истраат и да не потклекнуваат на никакви притисоци и манипулации. Потпишан со Те од Секаде напишал: „Како Албанец тотално се согласувам со тебе, време е да се здружите за една цел, подобар живот за вас. Секогаш сте ми пример кога барам и младите албански лидери да излезат вака со ставови“. Р од Велес е резигниран: „Не смеат да мрднат да изустат нешто против Груевски, уценувани се од помладите членови на ДПМНЕ, во секој град ги има тие кучиња, коска им фрла Груевски и после ги уценуваат луѓето“.

Според негативните коментари по неделното интервју со Тито Петковски, се чини, граѓаните не милуваат долговремени политичари. Најкарактеристичен е коментарот на Анонимен, кој изразува желба неговите деца да бидат како Петковски. „35 години во политиката, полн со пари и познанства, присутен во медиуми, нула постигнување еднакво на нула ризик“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG