Достапни линкови

Споменикот на Стив Џобс во Русија ставен на продажба


Споменикот на поранешниот директор на Епл пред Информатичкиот универзитет во Санкт Петерсбург.

Споменикот на поранешниот директор на Епл пред Информатичкиот универзитет во Санкт Петерсбург.

Споменикот на Стив Џобс во Русија е ставен на продажба, откако беше отстранет од локацијата во Санкт Петерсбург. Споменикот на поранешниот директор на Епл беше отстранет пред еден месец од пред Информатичкиот универзитет во Санкт Петерсбург по влошувањето на односите меѓу Русија и Западот и во време на постојана анти-геј кампања во Русија. Шефот на компанијата што лани го постави споменикот, Максим Долгополов, денеска изјави дека лицитацијата ќе биде со почетна цена од 5 милиони рубљи, односно околу 100 илјади долари. Споменикот мора да биде отстранет од Русија, а парите ќе се користат за стипендии на руски програмери. Споменикот на Џобс беше симнат, откако неговиот наследник Тим Кук јавно објави дека е хомосексуалец.

XS
SM
MD
LG