Достапни линкови

Одбележување на Светскиот ден за борба против СИДА


Македонија денеска ќе го одбележи 1 Декември, Светскиот ден за борба против СИДА-та. Под мотото „Уживај во животот, преземи контрола, СТОП СИДА!“ Сојузот на студенти по медицина на Македонија во соработка со Студентскиот парламент на Универзитет „Св.Кирил и Методиј" и Х.Е.Р.А. со поддршка од брендот Дурекс, на платотот пред УКИМ на студентите ќе им делат едукативни материјали и кондоми Дурекс. Потоа на Правниот факултет „Јустинијан Први“ ќе се одржи трибина од претставниците на асоцијацијата „Х.Е.Р.А.“, а едукативни предавања ќе има и во средните училиште "Здравко Цветковски" и „Зеф Љуш Марку“. Здружението „Сенки и облаци“ ќе го соопшти најдобриот дизајн за кондом-пакување од кампањата „Опуштено заштити се“ и ќе ја презентира интернет страницата „Приказни во сенка“, како и едукативната претстава за репродуктивно здравје, ХИВ-СИДА „Приказни одходникот“ - театар на сенки. Отворена ќе биде и изложба со сите пристигнати решенија на конкурсот „Опуштено заштити се“.

XS
SM
MD
LG