Достапни линкови

logo-print

Во ирачката армија имало илјадници лажни војници


Во ирачката армија, како што покажа најновата истрага, имало над 50 илјади лажно пријавени војници кои примале плата. Кабинетот на премиерот Хајдар ал Абади соопшти дека овие исплаќања биле запрени, бидејќи како што е соопштено, станувало збор за очигледен грабеж на државни средства од страна на корумпирани офицери. Оваа појава посебно се интензивирала откако милитантите на Исламската држава кон средината на оваа година покренале офанзива и ја презеле контролата врз големи делови на Ирак.

XS
SM
MD
LG