Достапни линкови

Новите лидери на Авганистан во Европа


Ашраф Гани

Ашраф Гани

Новите авганистански лидери за време на нивниот престој во Европа ќе ги образложат нивните планови за забрзување на мирот и за заживување на економијата. Претседателот Ашраф Гани и шефот на извршната власт Абдула Абдула денеска во Брисел ќе се сретнат со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, а ќе учествуваат и на утрешниот состанок на министрите за надворешни работи на Алијансата, на кој ќе се разговара за улогата на НАТО во давањето помош на авганистанската влада во обезбедувањето на сигурноста во таа земја. Гани и Абдула во на 4 декември во Лондон ќе учествуваат на Конференција посветена на иднината на Авганистан. До овие средби доаѓа пред повлекувањето на повеќето борбени сили на НАТО пред крајот на 2014 година.

XS
SM
MD
LG