Достапни линкови

На изборите во Молдавија водат проевропските партии


На вчерашните парламентарни избори во Молдавија, според првичните резултати, водат проевропските партии. Либерално демократската партија и Демократската партија, кои се дел од владејачката проевропска коалиција заедно имаат 44 насто од гласовите. Либералната партија, која исто така е проевропска има над 9 проценти од гласовите. Проруската Социјалистичка партија има освоено 21,7 насто, додека поумерените комунисти 18 проценти. Одѕивот на гласањето беше скоро 56 насто. Молдавската влада го потпиша Договорот за асоцирање со европската унија и доби безвизен режим со Унијата. Но, таа се соочува со критики за голема корумпираност. Русија забрани увоз на земјоделски производи од Молдавија што се одрази врз економијата на таа земја.

XS
SM
MD
LG