Достапни линкови

Протести во Русија поради реформи во здравството


Илустрација

Илустрација

Илјадници здравствени работници излегоа на протести во Москва и други руски градови против плановите за затворање на болници и отпуштање на илјадници лекари, потег кој е во насока на реформирање на здравствената заштита. Најмалку 4000 доктори, здравствени работници и други луѓе се собраа во Москва на ниските температури, кои беа против плановите да се затворат 28 болници и клиники и да се отпуштат околу 10 илјади доктори до следната година.

Голем дел од демонстрантите носеа бели мантили врз нивните зимски јакни, а од еден банер можеше да се прочита „Заштедете пари на војна, а не на лекарите“. Слични демонстрации се одржаа и во Санкт Петербург и во Нижни Новоград. Западните санкции поради руските акции во Украина и ниските цени на нафтата ги намалуваат државните буџети и ја девалвираа рубљата. Руските власти соопштија дека намалувањата се многу потребен чекор кон модернизацијата на здравствената заштита од ерата на Советскиот Сојуз.

XS
SM
MD
LG