Достапни линкови

Уругвај избира нов претседател


Досегашниот претседател Хозе Мухика (десно)

Досегашниот претседател Хозе Мухика (десно)

Во Уругвај се одржува вториот куг од претседателските избори во кои гласачите бираат помеѓу 74 годишниот поранешен претседател Табаре Васкез и конзервативниот Луис Лакаље Поу од централно - левичарската владеачка коалиција, кој има 41 година. Околу 2,6 милиони граѓани се регистрирани да гласаат на изборите. Анкетите за јавното мислење покажуваат дека Васкез, кој веќе го предводеше Удугвај од 2005 до 2010 година, ќе успее да го наследи претседателот во заминување, Хозе Мухика. Васкез го заврши својот прв мандат со рејтинг од 70 проценти, но му беше забрането со Уставот да се кандидара за втор мандат, исто како што му е забрането сега на Мухика.

Хозе Мухика е поранешен герилски борец и еден од најпопуларните лидери во Латинска Америка. Владејачката коалиција „Широк фронт“ обезбеди апсолутно мнозинство во двете законодавни комори на 2 ноември кога Васкез собра најмногу гласови во првиот круг на претседателските избори.

XS
SM
MD
LG