Достапни линкови

logo-print

Избори во Молдавија: Натпревар помеѓу проруските и проевропските партии


Избирачко место во Молдавија

Избирачко место во Молдавија

Молдавците гласаат на парламентани избори кои се сметаат за натпревар на проевропските партии и оние кои имаат поблиски врски со Русија. Повеќе од 2,8 милиони молдавци се запишани во избирачкиот список. Тие ќе избираат пратеници кои ќе имаат четиригодишен мандат во Парламентот со 101 место. Последните анкети на јавното мислење покажале дека водат проевропските партии, но се предвидуваат тешки преговори во периодот по изборите.

Во пресрет на гласањето, проруската партија беше отстранета од анкетите и овој потег беше критикуван од Москва. Молдавија која е една од најсиромашните земји во Европа, беше предводена од коалицијата на проевропските партии од 2009 година. Владата потпиша асоцијативен договор со Европската унија и влезе во безвизниот режим на патување. Но, земјата страда од перцепцијата за широко распространета корупција. Русија забрани увоз на земјоделски производи од Молдавија и нанесе тежок удар за нејзината економија.

XS
SM
MD
LG