Достапни линкови

logo-print

Двајца загинати во протести во Каиро по ослободителната пресуда за Мубарак


Egypt -- Ousted President Hosni Mubarak

Egypt -- Ousted President Hosni Mubarak

Египетската полиција употреби водени топови и солзавец за да растера повеќе од 1000 демонстанти во центарот на Каиро. Демонстрантите се собраа во близина на плоштадот Тахрир во вечерните часови за да го изразат своето незадоволство поради одлуката на судот да ги отфрли обвиненијата против соборениот претседател Хосни Мубарак и неговите најблиски безбедносни команданти, поради убиство на 239 демонстранти за време на бунтот против него во 2011 година.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека полицијата го дисперзирала митингот откако поддржувачите на забранетото Муслиманско братство почнале да фрлаат камења. Објавено е дека две лица загинале во судирите. 86 годишниот Мубарак исто така беше ослободен и од обвиненијата за корупција со кои се соочи заедно со неговите синови Ала и Гамал. Поранешниот претседател кој ги негира обвиненијата против него е во домашен притвор во воената болница во Каиро. Тој издржува посебна затворска казна за злоупотреба на јавните фондови.

XS
SM
MD
LG