Достапни линкови

Во Кабул се случиле девет напади на милитантите во последните две недели


Илустрација

Илустрација

Шефот на полицијата во Кабул поднесе оставка, откако во главниот град на Авганистан се случија девет напади на милитантите во полседните две недели. Странските седишта, возилата на амбасадите и американските војници беа меѓу целите на нападите. Генерал Захир Захир поднесе оставка кратко откако потврди дека тројца Африканци и еден авганистански граѓанин беа убиени во напад на Талибанците што се случи вчера вечер.

Захир изјави дека шеф на странска организација, неговиот син и неговата ќерка се убиени, но идентитетот на организацијата се уште не е потврден. По настанот, портпаролот на полицијата, Хашмат Станакзаи, рече дека Захир поднесе оставка. Портпаролот на Талибанците, Забиула Муџахид, тврди на Твитер дека погодената организација била на тајна христијанска мисионерска група и дека биле погодени посетители од Австралија. Борбената мисија предводена од САД и НАТО ќе заврши на 31 декември.

XS
SM
MD
LG