Достапни линкови

logo-print

Времето денеска: облачно со дожд


Времето во Македонија денеска ќе биде претежно облачно со краткотрајни локализирани врнежи од дожд, а ќе дува и слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од шест до 11, а дневната од осум до 14 степени. Во Скопје слично време со температура до 12 степени.

Врнежите ќе бидат пообилни од понеделник попладне и ноќта кон вторник кога локално се очекува да наврнат над 20 литри на метар квадратен. Од понеделник ќе дува умерен повремено засилен југоисточен ветер, а од вторник ветерот ќе биде северен.

XS
SM
MD
LG