Достапни линкови

Во 2014 година имало три смртни случаи од СИДА


Во текот на оваа година во Македонија се регистрирани нови 39 случаи на ХИВ/СИДА. 16 лица се заболени од СИДА, а 23 се ХИВ позитивни, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје. 37 од новозаболените се од машки пол, а 2 од женски. Од вкупно регистрирани 39 случаи, 20 се во Скопје, 4 во Кочани, 3 во Штип, по 2 во Свети Николе, Кавадарци и Прилеп, по 1 лице во Тетово и во Струмица и 1 странски државјанин.

Две од лицата со ХИВ/СИДА се на возраст од 10 до 19 години, 16 лица се од 20 до 29 години, 14 се на возраст од 30 до 39 години, 3 лица од 40 до 49 години, а над 60 години 4 лица. Кај 10 лица имало хетеросексуален начин на пренос на ХИВ, кај 25 лица преку сексуален контакт на машко со машко лице, кај 3 лица е непознат начинот на трансмисија, а кај 1 лице инјектирање дрога.

XS
SM
MD
LG