Достапни линкови

logo-print

Во Ашхабад протест против отстранување на клима уреди


protest in ashgabat

protest in ashgabat

Десетици жители на главниот град на Туркменистан, Ашхабад, учествуваа во редок уличен протест, блокирајќи ги градежните кранови за отстранување на клима уредите од прозорците на нивните станови. Ова е втор пат од месец август, жителите на населбата „Парахат 7“ во Ашхабад, да се спротистават на наредбите на општината за отстранување на климатизерите од прозорците на становите со поглед на улицата „Баба Ананов“ во центарот на градот.

Градските власти не обезбедија причини кои ќе ја оправдаат наредбата за отстранување на климатизерите. На 23 август жителите веќе еднаш ги блокираа крановите за да го спречат отстранувањето на клима уредите. После тие демонстрации општинските власти им соопштија на жителите дека наредбата е откажана. Жителите на населбата рекоа дека ќе продолжат да ги спречуваат обидите на властите да ги отстранат нивните климатизери. Летните температури во Ашхабад можат да достигнат до 50 степени целзиусови.

XS
SM
MD
LG