Достапни линкови

Јанкулоска: Луѓето блиски до опозицијата отвораат тема без да понудат аргументи


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, денеска изјави дека објавената видео снимка во неделникот „Фокус“, претставува обид на лицата блиски до опозицијата да отворат тема, без да понудат аргументи, јавува МИА. Таа вели дека МВР стои на располагање за сите сознанија или евентуални докази за целосно да се истражат и отфрлат какви било сомнежи, „ако некој воопшто ги има“. Јанкулоска додава дека не може да претпостави која е идејата на опозицијата што ја наметнува оваа тема во јавноста, но упати повик да ги достават сознијата или евентуално доказите да за тие целосно да се истражат.

Инаку неделникот „Фокус“ вчера објави видео снимка и 14 фотографии на кои се гледа како се изработуваат пасоши во некоја просторија. Во текстот е неведено дека во станот или куќата рачно се изработувале пасошите, а од весникот трврдат дека материјалите ги добиле од анонимен граѓанин.

XS
SM
MD
LG