Достапни линкови

logo-print

Француските пратеници дебатираат за признавање на Палестина


Илустрација

Илустрација

Долниот дом на парламентот на Франција дебатираше за резолуцијата во која се бара од владата да ја признае Палестина како држава. Се очекува пратениците да гласаат на 2 декември на предлогот на владеачките социјалисти. Текстот ја повикува владата да ја „признае државата Палестина во поглед на постигнување на конечен договор за решавање на конфликтот“ помеѓу Израел и Палестинците.

Парламентите на Велика Британија, Ирска и Шпанија веќе поминаа слични предлози во услови кога постои фрустрација во Европа поради бавното темпо на мировните преговори помеѓу Палестинците и Израел. Ова оди кон чекор понатаму, бидејќи владата на Шведска ја призна Палестина како држава. На 24 ноември, генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки – Мун изјави дека неуспехот на меѓународната заедница во напредокот на политичкото решение на израелско – палестинскиот конфликт е поттик за владите и парламентите да преземат акција за признавање на Палестина како држава.

XS
SM
MD
LG