Достапни линкови

ЕУ воведе санкции врз сепаратистите во Украина


Илустрација

Илустрација

Европската унија наметна санкции врз сепаратистичките лидери кои овој месец организираа избори во Украина, удирајќи врз нивните организации со замрзнување на финансиските средства и забрани за патување. ЕУ ги објави имињата на 13 украински сепаратисти и пет нивни организации кои беа додадени на листата на санкции која веќе опфаќа 119 луѓе и 23 субјекти.

Одлуката е донесена за време на состанокот на амбасадорите на Европскта унија на 27 ноември во Брисел. Про Руските сепаратисти во Доњецк и Луганск одржаа избори на 2 ноември, велејќи дека гласањето е следен чекор по локалните референдуми во Мај кои бараа независност од Киев. Западот ги осуди изборите како нелегитимни, но Русија соопшти дека ќе ги признае резултатите.

XS
SM
MD
LG