Достапни линкови

Повеќе од 35 загинати во бомбашки напад на џамија во Нигерија


Илустрација

Илустрација

Најмалку 35 лица загинаа и уште многу се повредени во бомбашки напад во централната џамија во вториот најголем град во Нигерија. Извештаите велат дека се случиле повеќекратни експлозии за време на петочната молитва во северниот град Кано, а исто така напаѓачите пукаале кон верниците. Претседателот Гудлак Џонатан го осуди нападот, повикувајќи ги сите Нигеријци да останат „обединети во соочувањето со заедничкиот неприајтел“.

Ниту една група засега не ја презеде одговорноста, но нападите го имаат белегот на исламистичката милитантна група Боко Харам која води бунт во Нигрија уште од 2009 година. Џамијата се наоѓа во близина на палатата на Емирот на Кано, еден од највисоко рангираните исламски личности во Нигерија. Емирот кој моментално е надвор од земјата неодамна повика луѓето да се вооружат против Боко Харам.

XS
SM
MD
LG