Достапни линкови

Египетскиот суд ги поништи обвиненијата против Мубарак


Egypt, Cairo, Former Egyptian President Hosni Mubarak

Egypt, Cairo, Former Egyptian President Hosni Mubarak

Египетскиот суд ги отфрли обвиненијата за убиство против соборениот претседател Хосни Мубарак и неговите најблиски безбедносни команданти. 86 годишниот Мубарак беше осуден на доживотен затвор во 2012 година за соучество во смртта на демонстрантите за време на бунтот во 2011 година, кој на крајот го принуди да поднесе оставка. Но, пресудата беше поништена по жалбата од следната година. Исто така Мубарак е ослободен и од обвиненијата за корупција заедно со неговите синови Ала и Гамал.

Сепак Мубарак ќе остане во затвор, бидејќи ја издржува посебната тригодишна затворска казна за проневера на јавните фондови. Судот во Каиро исто така ослободи седум поранешни високи безбедносни командати, меѓу кои и поранешниот министер за внатрешни работи Хабиб ал – Адли, обвинет за убиство заедно со Мубарак за смртните случаи на демонстрантите. За време на бунтот кој траеше 18 дена загинаа околу 900 демонстранти, сепак судот разгледува само 239 случаи.

XS
SM
MD
LG