Достапни линкови

Нападите на САД не ги ослабнаа милитантите на Исламската држава


Илустрација

Илустрација

Сирискиот министер за надворешни работи, Валид ал – Моалем изјави дека двомесечните воздушни напади на САД не успеале да ги ослабнат милитантите на Исламската држава. Во интервју за либанската телевизија, Моалем изјави дека екстремистичката група на Исламската држава нема да биде решена, освен ако Турција не биде принудена да ги затегне граничните контроли и ги запре странските борци да преминуваат во Сирија. Борците на Исламската држава контролираат големи делови на Сирија и Ирак.

Турција која има граница од 900 километри со Сирија, ги негираше тврдењата дека ги поддржува исламистичките групи за да им помогне на сириските бунтовници во соборување на сирискиот претседател Башар ал – Асад. САД и нејзините сојузници гаѓаат цели на Исламската држава од септември, но извештаите велат дека опозициските групи во северна Сирија поддржани од Западот го губат теренот и со милитантите на Исламската држава и со владините сили.

XS
SM
MD
LG