Достапни линкови

Времето денеска: облачно со слаб ветер


Илустрација

Илустрација

Во Македонија времето денес ќе биде претежно облачно, наутро со слаба магла по котлините, а преку денот ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од три до осум, а дневната од девет до 14 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со кратки сончеви периоди, а наутро со услови за појава на магла. Преку денот ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Од недела ќе преовладува облачно време со повремен дожд. Врнежите ќе бидат пообилни од понеделник попладне и ноќта кон вторник кога локално се очекува да наврнат над 20 литри на метар квадратен. Од понеделник ќе дува умерен повремено засилен југоисточен ветер, а од вторник ветерот ќе биде северен.

XS
SM
MD
LG