Достапни линкови

Околу 200 сириски бегалци штрајкуваат со глад во Атина


Илустрација.

Илустрација.

Околу 200 сириски бегалци, кои започнале штрајк со глад на плоштадот Синтагма во центарот на Атина, побарале денеска од земјите на ЕУ „да преземат одговорност и да ги прифатат бегалците од војната“.

„Грција во криза не може сама да го понесе товарот со приемот на бегалците од војната. Единственото решение за нас и нашите семејства е да имаме право да заминеме во друга земја и да започнеме нов достоен живот за нашите деца“, изјави Нандер Хабуни, претставник на сириските бегалци.

Сириските бегалци, кои пристигнале неодамна во Грција, од 19 ноември протестираат на плоштадот Синтагма пред грчкиот Парламент, барајќи од властите „човечки услови за престој“.

Од вторникот Сиријците штрајкуваат со глад и досега повеќе од десетмина се префрлени во болница поради изнемоштеност.

XS
SM
MD
LG