Достапни линкови

Папата Франциск во Турција повика на меѓурелигиски дијалог


Папата Франциск повика на меѓурелигиски дијалог, велејќи дека тоа би можело да помогне за ставање крај на фундаментализмот и тероризмот. Папата денеска пристигна во тридневна посета на Турција. На заедничката прес-конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, тој ја осуди терористичката организација Исламска држава. Папата исто така рече дека „од суштинско значење е сите граѓани – муслимани, евреи и христијани... да уживаат исти права и почитување“. Тој го повика светот да ѝ помогне на Турција во грижата за околу 1,6 милиони бегалци од Сирија во земјата.

XS
SM
MD
LG