Достапни линкови

Неделниците во исчекување на „бомбата“ на Заев


Република анализира што би можела да предизвика „бомбата“ на Заев, Глобус пишува за начинот на владеење во Македонија, а Фокус пишува за партите што се трошат за јавни набавки.

Република - Опозицијата ја спасува само концептна бомба

Македонецот кон Груевски треба да се однесува како Венизелос, или како Самарас и Папуљас заедно. Како Брисел и Вашингтон! Како да го нема! Како кон сомнителен мажјак на најопасната политичка ебола.

Воведникот во Република ги анализира „резултатите“ од најавената „бомба“ на Заев од која премиерот би требало да поднесе оставка во рок од три дена, па насловува „Опозицијата ја спасува само концептна бомба“. За жал, вели воведничарот, сите се налепија на кловновскиот трик на Заев и никој не констатираше дека помина времето на црните кампањи. Авторот дава можност некаков скандал да го наруши угледот на премиерот до одредена мера, но тоа ни од далеку немало да биде доволно за Заев да се дограби до власта без реален концепт што ќе го препознаат граѓаните, смета Република.

Глобус - На кој аеродром ќе биде уапсен Груевски?!!

Ако годишно државните институции трошат 900 милиони евра, или 35 отсто од вкупниот буџет на државата за јавни набавки тогаш е јасно зошто бизнисмените го одбираат морковот што им го пружа власта, која, пак, на бизнисменскиот корпус како да му порачува да „молчи и да пасе“.

Анализа на режимот како општествено-политичка појава, кои се знаците за почетокот на неговото распаѓање и паралели со состојбите и случувањата во Македонија ни нуди најновиот он-лајн магазин Глобус во редовната колумна Офаманаман, овој пат со наслов „На кој аеродром ќе биде уапсен Груевски?!!“ На почетокот, авторот на колумната алудира на изолираноста на власта на Груевски од меѓународните политички фактори, па вели дека Македонецот кон Груевски треба да се однесува како Венизелос, или како Самарас и Папуљас заедно. Како Брисел и Вашингтон! Како да го нема! Како кон сомнителен мажјак на најопасната политичка ебола. Никој ништо не треба да бара од нив, ништо да не очекува, зашто режимот и неговиот лидер не се субјекти на другата страна од нашите позиции, не, тие се на спротивната страна на нашите животи. Тука нема, ниту може да има дијалог! - пишува покрај другото Глобус.

Фокус - Молчи и паси

„Молчи и паси“ е насловот на воведната колумна во Фокус, во која авторот го анализира, како што вели, петингот меѓу бизнисот и власта кој трае веќе неколку години, и главно е провоциран од стравот на бизнисмените дека власта ќе ги откачи. А откачувањето, по правило е болно, особено во македонското општество во кое сè или најмногу во бизнисот зависи од политиките на државата и од јавните тендери. Ако годишно државните институции трошат 900 милиони евра, или 35 отсто од вкупниот буџет на државата за јавни набавки тогаш е јасно зошто бизнисмените го одбираат морковот што им го пружа власта, која, пак, на бизнисменскиот корпус како да му порачува да „молчи и да пасе“. Молчењето, завршува Фокус, стана парадигма на издржливоста за целокупниот македонски економски хабитус, еден вид мембрана за одбрана од таа неверојатна политичка жештина. Пасењето, од друга страна, стана само модус на преживување во јасната порака пуштена низ времепловот на преродбата, дека љубовниот танц е завршен. Само уште никој не сака јавно да ја изговори таа проклета реченица! - завршува авторот на воведникот во Фокус.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG