Достапни линкови

logo-print

Поради цените на нафтата, Русија ќе го корегира буџетот за 2015


Рускиот министер за енергија, Александар Новак.

Рускиот министер за енергија, Александар Новак.

Рускиот министер за енергија, Александар Новак, изјави дека падот на цената на нафтата на светските берзи ќе повлече корекции во рускиот државен буџет за 2015 година. Тој денеска рече дека буџетот е проектиран според цена на суровата нафта од 100 долари за барел и оти тоа ќе треба да се смени. Тој рече дека просечната цена на нафтата годинава ќе се движи меѓу 98 и 99 долари за барел поради високите цени од почетокот на годинава.

Директорот на најголемата руска нафтена компанија Роснефт, Игор Сечин, ја отфрли загриженоста дека падот на цените на нафтата може да има кобни последици за неговата компанија. Тој денеска изјави дека „дури и најлошото сценарио со цени на нафтата пониски од 60 долари за барел нема да биде драматично за Роснефт“.

Земјите членки на ОПЕК вчера одлучија и покрај падот на цените, да не го намалуваат производството на нафта и оти нема да се состанат да разговараат за цените до јуни наредната година. По состанокот, цената на нафтата падна на најниско ниво во последните четири години од околу 70 долари за барел.

XS
SM
MD
LG