Достапни линкови

logo-print

Венизелос: Турција да ја почитува исклучителната економска зона на Кипар


Шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос.

Шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос.

Анкара треба да ја почитува исклучителната економска зона на Кипар ако сака преговорите за обединување на островот, кои се водат со посредство на Обединетите нации, да бидат обновени, изјави шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос, пред да замине на посета во Турција за време на викендот.

„Ние се соочуваме со многу едноставно решение за обновување на преговорите. Решението е Турција да престане со кршењето на суверените права на Кипар“, посочи Венизелос.

Никозија ги прекина преговорите во октомври откако Турција го испрати бродот „Барбарос“ во исклучителната економска зона на Кипар да бара нафта и природен гас.

Предвидено е Венизелос утре да се сретне со турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, а потоа со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

XS
SM
MD
LG