Достапни линкови

Жестоки судири за воена база во Авганистан


Илустрација.

Илустрација.

Авганистанските сили ги протерале талибанските борци од клучна воена база во провинцијата Хелманд на југот на земјата по неколкучасовни жестоки борби, информираат денеска властите. Група тешко вооружени милитанти ја нападнаа базата доцна синоќа. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот. Кампот беше изграден од британската армија во 2005 година, а минатиот месец им беше предаден на авганистанските сили.

XS
SM
MD
LG