Достапни линкови

logo-print

Приведен дописник на РСЕ во Азербејџан


Дописникот на Радио Слободна Европа од Азербејџан, Туркан Каримов.

Дописникот на Радио Слободна Европа од Азербејџан, Туркан Каримов.

Дописникот на Радио Слободна Европа од Азербејџан, Туркан Каримов, денеска беше приведен и испрашуван од полицијата во Баку и предупреден дека „не треба да ја критикува владата“. Вели дека изутрината бил запрен во близина на неговиот дом од страна на полицајци во цивил, по што со сила бил внесен во возило и одведен во полициска станица. Бил ослободен по неколку часа испрашување. Го испрашувале за неговата работа, колкава плата добива, како и за познатата критичарка на владата, новинарката Хадија Исмаилова. Каримов, со околу 80 илјади луѓе што го следат на Фејсбук, е многу познат новинар во Азербејџан. Тамошната влада долго време е мета на критики дека го задушува слободното новинарство.

XS
SM
MD
LG